По вчерашните ненajавени протести, на кои беа палени гуми, блокирани улици и беа регистрирани повеќе инциденти, институциите остануваат во целосен молк. Министерството за внатрешни работи не реагираше соодветно за спречување и разбивање на протестите, иако беа загрозени безбедноста, јавното здравје и нормалното одвивање на сообраќајот.
Се очекува јавното обвинителство да отвори предмет за сторените кривични дела, но засега нема никаква информација ниту постапка. Загрижува и фактот што нема ниту јавна осуда од страна на општинската власт, како сето ова да е нормална и прифатлива појава.
Во држава во која владеењето на правото треба да биде основа, молкот на институциите испраќа погрешна порака. Одговорноста и осудата очигледно се заборавени, а граѓаните со право се прашуваат дали законите важат еднакво за сите.

