Според јавно достапни информации, во 2024 година и драстично зголемени во 2025 година ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани исплатило адвокатски трошоци во износ од околу 382.330 денари. Исплатите се однесуваат на ангажман на ист адвокат, што отвора повеќе прашања во јавноста.
Граѓаните прашуваат за какви конкретни адвокатски услуги станува збор, дали станува збор за редовно правно застапување и по кој основ е ангажиран истиот адвокат. Исто така, се поставува прашањето дали постои образложение за висината на овие трошоци и дали се разгледувани други опции.
Станува збор за јавни средства, па затоа се очекува транспарентен одговор од училиштето и од Општината — зошто се направени овие трошоци и кои постапки ги предизвикале. Дел од јавноста укажува дека овие средства можеле да се насочат кон подобрување на условите во училиштето — како превоз за учениците, опрема или други активности што директно го подобруваат образовниот процес.
Токму затоа, се бара појаснување и отчетност — бидејќи информациите се јавно достапни, а јавноста има право да знае како се трошат средствата.

