Во сабота, на 7 февруари, со почеток од 14:00 часот ќе се одигра хуманитарен пријателски натпревар помеѓу ГФК Осогово и ФК Вардар. Натпреварот има хуманитарен карактер и е посветен на жртвите од трагедијата во Кочани, со цел преку спортот да се покаже солидарност и заедништво.
Цената на билетот изнесува 100 денари, а сите средства од продажбата ќе бидат наменети за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“.
Организаторите упатуваат благодарност до двата клуба за хуманиот гест и поддршката, нагласувајќи дека спортот повторно покажува дека обединува и носи сила тогаш кога е најпотребно, присуство најави и навивачката група на Вардар – Комити.

