Нескромно, може да кажеме дека ДПД Кочани е водечко доброволно друштво и по обем на работа, и по број на возила, лична заштитна опрема, техничка опрема, како и човечки капацитети. Друштвото деновиве обезбеди уште едно возило, седмо по ред. Да добро прочитавте, СЕДМО. Станува збор за авто цистерна Мерцедес донација од германско ДПД. Истата е со носивост од 5 тони вода и е 4×4.
Па така ДПД Кочани сега ги поседува следните возила:
-Две авто цистерни со сопствени пумпи кои се со идентична носивост од по 5 тона.
-Едно навално возило камион со носивост од 2 тона.
-Еден камион за шумски пожари со носивост од 4 тона.
-Еден камион опремен комплет за технички интервенции со најразличен алат, распињачи, опрема за сообраќајни несреќи, хидрауличн и батериски…
-Едно АТВ возило четирицикал со надградба
-Едно патничко комбе
Ова за едно ДПД кај нас во Македонија изледа импозантно.
Реалноста е дека десетина професионални Територијални противпожарни единици немаат волку возила, поточно на пола од ова. Очигледно е дека им недостига уште теренски пикап џип за да комплетират една слика.
Апел до сите општествено одговорни компании сериозно да се вклучат во комуникација и донации од секаков вид на ДПД-Кочани ова е нешто што треба да го цениме, кога е најтешко тие се први на терен, секоја чест за целиот тим!

