Министерството за внатрешни работи спроведува акции на целата територија со цел санкционирање на упорните возачи кои управуваат без возачка дозвола, со нерегистрирани возила или и покрај изречена забрана за управување. Ваквите контроли се за поздравување и претставуваат чекор кон поголема безбедност во сообраќајот.
Се надеваме дека засилените секојдневни активности ќе бидат пример и за Кочани, бидејќи ако сакаме ред и сигурност на патиштата, пред сè мора доследно да се санкционираат сите прекршители — подеднакво и без исклучоци.
МВР апелира до граѓаните за одговорно однесување во сообраќајот: да не се управува возило без исполнување на законските услови и да не се вози во алкохолизирана состојба.
Безбедноста на патиштата зависи од сите нас, а секоја ваква акција што придонесува кон ред и дисциплина е чекор напред.

