Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека се организира јавна презентација и јавна анкета по Деталниот урбанистички план за градска четврт 13 од ГУП за град Кочани, Општина Кочани, плански период 2022 – 2027, нацрт-план со технички број 0801-458/20 од февруари 2025 г., со површина 69,12 ха, изработен од ДТУ БИЛД УРБАН ДООЕЛ Скопје.
Планскиот опфат е дефиниран со следните граници:
oд исток – по оската на сервисната улица „Димитар Влахов“,
oд југ – по оската на сервисната улица „Димитар Влахов“ и осовината на железничка пруга Скопје – Кочани;
oд запад – по оската на сервисната улица „ Роза Петрова“;
oд североисток – по оската на собирната улица „Страшо Ербапче“.
Јавната презентација по Деталниот урбанистички план за градска четврт 13 од ГУП за град Кочани, Општина Кочани, плански период 2022 – 2027 нацрт-план, ќе се одржи на 13.02.2026 г. со почеток во 11 часот во салата во Мултикултурниот центар, Кочани.
Јавната анкета по Деталниот урбанистички план за градска четврт 13 од ГУП за град Кочани, Општина Кочани трае до 04.03.2026 год., до кога заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови.

