Според најновите податоци за промена на населението, Кочани е меѓу водечките градови по број на иселени жители во периодот од 2021 до 2025 година. Најмалку 919 жители го напуштиле градот — бројка што сериозно ја отсликува состојбата и перспективите во локалната средина.
Овие податоци, укажуваат на недостаток од напредок и развој. Во градот нема значајни нови инвестиции, платите остануваат ниски, а бројни други проблеми придонесуваат луѓето да ја бараат иднината на друго место.
Се поставува прашањето што ќе се преземе за да се задржат младите и работоспособните граѓани, бидејќи без конкретни економски и инфраструктурни подобрувања, трендот на иселување може само да продолжи.
Развојот на локалната економија, нови работни места и подобри услови за живот остануваат клучни фактори доколку градот сака да ја промени оваа негативна статистика.

