Денес повторно се забележуваат запалени полиња, пракса што претставува сериозна опасност по безбедноста и животната средина. Се поставува прашањето дали надлежните институции излегоа на терен и дали ќе бидат санкционирани сите што предизвикуваат ризик и загадување.
Палењето стрништа и земјоделски површини не само што го загрозува здравјето на граѓаните и квалитетот на воздухот, туку може да доведе и до неконтролирани пожари со сериозни последици.
Граѓаните очекуваат конкретни мерки, контроли и санкции, бидејќи заштитата на животната средина и јавната безбедност мора да биде приоритет.

