Јарболот со македонското знаме на комплексот АСНОМ во Кочани со години стои неосветлен и запоставен. Некогаш ова знаме беше видливо од сите страни на градот – достоинствено осветлено и со редовни промени, како симбол на почит и државност.
Денес, за жал, овој простор изгледа целосно заборавен. Со минимални напори и мала инвестиција, осветлувањето може повторно да се стави во функција и да се врати достоинството на местото кое има историско и симболично значење за Кочани.
Време е да покажеме грижа и одговорност кон јавните симболи и простори што го претставуваат нашиот град.

