Во текот на 2025 година, преку Нега центар Кочани реализирани вкупно 27.544 часа исполнети со љубов, грижа и внимание.
Овие часови не се само бројка – тие се насмевки, топли зборови, подадена рака и чувство на сигурност за старите лица во нашата заедница.
Преку услугата „Помош и нега во домот за стари лица“, посветениот тим од 16 негователи и координатор на услугата, секојдневно внесува светлина, достоинство и човечка топлина во домовите на педесетина возрасни лица на кои им е најпотребна поддршка.
Секој посетен дом носи своја приказна, а секоја пружена услуга е доказ дека хуманоста живее меѓу нас. Со трпение, емпатија и професионалност, овие 27.544 часа претставуваат вистинска мисија на солидарност и грижа – мост меѓу генерациите и потврда дека никој не е заборавен.
Гордост е да се биде дел од оваа хумана приказна што секојдневно создава побезбедна, потопла и похумана заедница во Кочани.
Услугата е меѓуопштинска соработка помеѓу Општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево, поддржана од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Провајдер на услугата е Црвен крст на Р.С. Македонија – Општинска организација Кочани.

