На 24 февруари 2026 година (вторник) во 10 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 10. седница, на која како точка на дневен ред е Предлог-одлука за изведување спомен-обележје – крст на кружниот тек кај хотелот „Национал“.
Но, иако Советот сè уште нема донесено одлука, на терен веќе се поставени темел и инсталации. Се поставува сериозно прашање – кој дозволил да започнат градежни активности пред официјална одлука?
Недозволиво е да се гради без одлука на Советот, без оглед за што станува збор. Зошто Општината дозволува предвремени активности и дали со тоа се кршат законските процедури? Што ќе се случи доколку одлуката не помине на Совет? Кој ќе понесе одговорност?
Ваквите постапки отвораат сомнеж за стара лоша пракса – прво се гради, па потоа се бара формална потврда. Редот и почитувањето на процедурите мора да важат за сите, особено кога станува збор за јавен простор и одлуки од јавен интерес.

