Загрижени граѓани реагираат дека по локалните избори, дел од градбите за кои претходно имало спор и било утврдено дека се дивоградби, продолжиле со работа. И покрај решенија за запирање на градбата, објектите добиле кровови, ѕидови, прозорци и фасади.
Со тоа се поставува прашањето — дали некој ги повлекол решенијата за запирање или станува збор за селективна примена на законот? Општината треба јасно да одговори што ќе се случи со над 300 утврдени дивоградби и кога ќе започне нивно уривање.
Секоја дивоградба претставува ризик и директно го нарушува деталниот урбанистички план. Ова е сериозно прашање што со години се става под тепих. Јавноста очекува конкретни резултати, а не молк.
Јавно е познато дека дивоградба не може легално да се приклучи на вода и струја. Оттука се отвора сомнеж — дали над 300 објекти не плаќаат вода, струја и комуналии?
Ако е така, тоа има директно влијание врз буџетот и економскиот развој на општината.
Редот, законитоста и еднаквоста пред законот мора да важат за сите.

