Денеска претпладне во пицерија во Трговскиот центар во Кочани настанал пожар поради палење на плински уред, поради што интервенирала и кочанската противпожарна единица. Пожарот е локализиран, а преостанатите плински уреди од објектот се отстранети од страна на пожарникарите.
Голем дел од станарите во зградата над пицериите, позната како Блок А, ги напуштиле становите поради појава на чад кој навлегол во домовите преку вентилацијата. Увид на настанот вршат екипи на МВР.

