Повторно пожар во угостителски објект во Трговскиот центар, станбен блок А (96 станови). За среќа, станарите поминаа само со зачадени домови и огромен стрес, без поголеми последици.
Како и во неколку случаи во минатото, среќна околност беше што пожарот не се прошири и што имаше брза интервенција на ТППЕ. Дополнително, дистрибутер на роба го затекнал пожарот во кујната, која се наоѓа во посебен објект — според тврдењата, незаконски изграден — при што во моментот немало персонал внатре.
В.д. градоначалникот Венкo Крстевски информира дека уште на 10 јуни 2025 година поднел кривична пријава до кочанското обвинителство поради незаконски активности на угостителски објекти, но досега нема законско постапување.
Прашањето што останува е: колку пати треба да нè спасува среќата? Додека институциите не воспостават ред и не постапуваат согласно закон, граѓаните ќе продолжат да живеат во страв.
Жално е што по трагедијата во „Пулс“ сè уште се убедуваме дека законите мора да важат за сите.

