Зошто Општина Кочани не работи поактивно на промоција на туристичкиот центар Пониква, браната Градче и водопадот?
Со поставување патокази на магистралниот пат и на влезовите на градот може значително да се зголеми видливоста и интересот кај посетителите. Во многу туристички места токму ваквата сигнализација е првиот чекор кон развој на локалниот туризам.
Осогово е прогласено и за заштитено подрачје – што е дополнителна вредност и потенцијал за еко-туризам, планинарење и рекреација. Но без соодветна промоција и обележување, многу патници ниту знаат што се наоѓа на само неколку километри од магистралниот пат.
Туризмот носи економски бенефит за целиот регион – повеќе гости значи повеќе работа за локалните угостители, сместувачки капацитети и мали бизниси.
Потребни се конкретни чекори:
– туристички патокази
– информативни табли
– мапи и промотивни содржини
– јасна стратегија за развој
Имаме природни богатства. Време е да ги направиме видливи. Кочани не смее да биде дно во сите области!

