Со силни зборови и емотивен настап, Игор Џамбазов ја коментираше трагедијата во дискотеката „Пулс“, прашувајќи јавно: „Кој ги уби тие деца?“
„Кој ги уби тие деца? Наши неодговорни луѓе, Луѓе-нелуѓе. Тоа е новиот фашизам, луѓе. Новиот фашизам нахранет со алчност, корупција и незнаење. Новиот фашизам, новиот лик на светот кој никому не му се допаѓа. Пред три години на оваа иста сцена рецитирав стихови од антифашистичкиот брат на Десанка Максимовиќ, нашиот легендарен поет Славко Јаневски. Се сеќавате? ‘Тиквешко негде в некое село, кај слана тивко венеше цвете, убија дете’. Кому му ги рецитирав овие стихови? Ја научи ли некој оваа поезија? Се слушаме ли луѓе? Кому му пречеа тие деца?“, рече Џамбазов, а додека зборуваше на видеобим беше испишан насловот „Македонска крвава бајка“.

