Повредените и блиските членови на семејствата на починатите, како и други лица кои биле присутни за време на настанот, се повикуваат во периодот од 2 март 2026 година (понеделник) до 6 март 2026 година (петок), во терминот од 9 до 18 часот, да се обратат во просториите на Одделението за внатрешни работи Кочани, на улица „Тодосија Паунов“ бр. 12, информира СВР Штип.
Целта на повикот е враќање на личните предмети кои биле пронајдени на местото на настанот за време на увидот и кои им припаѓаат на повредените и починатите лица.
Меѓу предметите има мобилни телефони, паричници, накит, часовници, ташни, облека и обувки. Враќањето ќе се врши по претходна идентификација од страна на сопствениците или блиските членови на семејствата на починатите.

