Убавото време ги разбуди граѓаните, градот денес беше полн со луѓе, прошетки и раздвиженост. Но со новиот режим на паркирање се појави сериозен проблем – тотален хаос во сообраќајот.
Со укинувањето на косото паркирање, капацитетот на улиците практично е намален речиси двојно. Наместо повеќе ред, добивме помалку паркинг места и повеќе нервоза.
Општината мора што поскоро да го врати косото паркирање и да ја промени страната – паркирањето да биде покрај објектите, а не како досега граѓаните да мораат да ја преминуваат улицата, со што сериозно се загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Денес паркирани возила имаше дури и на излезот од градот – нешто што досега не било вообичаено. Ова е јасен сигнал дека новото решение не функционира.
Потребна е итна анализа и корекција.
Градот мора да има функционален и безбеден систем на паркирање, а не импровизација што создава дополнителни проблеми.

