Службеното возило на КЈП Водовод, кое според граѓанин го управува директорот, неколку дена се паркир во спротивен правец на улицата Браќа Ставреви, веднаш до или на самата автобуска постојка.
Дополнително, возилото нема заменети регистарски таблички за службени возила со црвена боја, како што налагаат прописите, на врата е наведено дека е службено возило.
Се поставуваат неколку прашања:
– Дали за службените возила не важат сообраќајните правила?
– Зошто не се користат соодветни службени таблички?
– Каква порака им се испраќа на граѓаните кога раководителите не ги почитуваат прописите?
Законот мора да важи подеднакво за сите. Особено за оние кои раководат со јавни претпријатија финансирани од граѓаните. Одговорноста започнува од личен пример.

