За трагедии од ваков обем потребен е достоинствен и институционален одговор. Општината треба да го прогласи 16-ти март за неработен ден и да одреди тридневна жалост за време на одбележувањето на годишнината, како што доликува.
Советниците и градоначалникот треба да донесат одлука со која секој граѓанин ќе може достоинствено да оддаде почит, без да размислува за работни обврски и без да зависи од милоста на работодавачите дали ќе биде ослободен од работа.
Во моменти на колективна болка, потребна е солидарност и заедништво. Институциите мора да покажат емпатија и одговорност. Ова не е прашање на политика, туку на човечност.
И државата треба да размисли за прогласување ден на жалост на национално ниво – како знак на почит, доблест и сочувство кон погодените семејства и кон сите граѓани.

