Пред дваесетина години улиците во Кочани беа двонасочни, имаше место за паркирање и функционираа семафори што го регулираа сообраќајот. Градот живееше и функционираше поуредено отколку денес.
Се поставува прашањето – зошто тоа искуство не се искористи и не се прилагоди на денешните услови? Зошто да немаме повторно семафори што ќе стават ред, уреден паркинг-простор и подобро организиран сообраќај?
Многу од улиците имаат доволна ширина. Со добро планирање, сообраќајна анализа и квалитетна реконструкција, можно е повторно да станат двонасочни, со јасно обележани ленти и организирано паркирање.
Наместо постојани импровизации и промени што создаваат хаос, потребна е стратегија и долгорочно решение. Кочани некогаш функционирало подобро – нема причина денес да не може повторно да се воспостави ред со современ пристап и стручно планирање.

