Граѓанин реагира дека возило кое со месеци се продава стои паркирано на место наменето за лица со инвалидитет, пред објектот на Управа за јавни приходи.
Паркинг-местата за лица со инвалидитет не се привилегија, туку неопходност. Тие се наменети за граѓани на кои навистина им се потребни и не смеат да бидат злоупотребувани.
Се поставува прашањето – како е можно со месеци вакво возило да стои на обележано инвалидско место, а да остане „невидливо“ за надлежните институции?
Потребна е итна реакција и редовна контрола. Почитувањето на правилата мора да важи за сите, особено кога станува збор за права на лица со попреченост. Редот во градот започнува со почитување на основните правила.

