Вечерва мешана инспекциска контрола во угостителските објекти, но според дописот од наш сограѓанин кој бил на забав во локално кафуле, инспекторите се упатиле кон кафулето каде што се одвивала забавата со присуство на малолетници, но се предомислиле и наместо да интервенираат, се завртеле и влегле во друго полу-празно кафуле.
На тој начин, дозволиле пред нивни очи локалот каде што се организирала забавата со малолетници да остане непроверен, додека малолетниците биле натерани да ја напуштат забавата, а локалот останал празен.
За жал, не ја научивме лекцијата од трагедијата во „Пулс“ – токму во месецот на најголемата трагедија повторно сведочиме на истиот принцип на работа, како и ноќта на која институциите дозволија ваква ситуација и свесно работат во интерес на газдите.
Граѓаните се прашуваат зошто ваквите контроли се сведуваат на формалност, наместо да бидат вистинска проверка која би ги заштитила малолетниците и би ги санкционирала прекршителите. Ова е тешко кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување“ (Член 353 од КЗ).
Дали овој случај ќе биде проверен, постојат безбедносни камери во објектите кој според сведоците јасно може да се види целата случка, дали некој ќе сноси одговорност?

