Градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов, продолжува со низа контроверзни апели и барања во пресрет на одбележувањето на годишнината од трагедијата во дискотеката Пулс.
По апелот граѓаните да не користат автомобили и да се движат пеш или со велосипеди, сега следува ново барање – земјоделците да не ги палат нивите, бидејќи чадот го загадувал воздухот, а на патот Штип–Кочани „не била убава глетката“ за странските делегации и гости.
Дали градоначалникот работи исклучиво за пречек на гости, наместо за достоинствено одбележување на трагедијата?
Наместо фокусот да биде ставен на сеќавањето на жртвите, почитта и достоинството, јавноста сведочи на нешто сосема друго –
генерално чистење, средување и „шминкање“ на градот пред делегациите.
Дали ова е одбележување на трагедија или подготовка за протоколарен пречек на гости?
Трагедијата што ја погоди Македонија заслужува тишина, почит и достоинство, а не впечаток дека најважно е како ќе изгледа градот пред странските делегации.

