По вчерашниот пожар во пречистителната станица кај Мојанци, за среќа е избегната многу поголема катастрофа. Според информациите, пожарот избувнал околу 20:30 часот, кога се запалила цевка за пренос на метан во постројката.
Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, спречена е можна огромна експлозија во балонот што собира метан, што можела да предизвика сериозни последици.
Во гаснењето учествувале шест противпожарни возила од ТППЕ Кочани и ДПД Кочани, кои успеале навреме да го стават пожарот под контрола и да спречат ширење на огнот.
Во настанот се повредени три лица – чуварот на објектот и двајца жители кои помогнале во гаснењето на пожарот. На местото интервенирала и екипа на Брза помош, која им укажала медицинска помош.
Според првичните информации, во пожарот е причинета само материјална штета, а благодарение на навремената реакција на службите е избегната поголема несреќа.

