И денес околината на Кочани е обвиена во чад – полето гори, а над градот се издига густ црн облак. Додека пламените се шират, впечатокот е дека надлежните институции се на „продолжен викенд“, без видливи мерки и реакција.
Граѓаните се прашуваат – како е можно одговорните да се однесуваат како да дишат друг воздух? Освен огромното загадување, се нанесува и сериозна штета врз животинскиот свет, а силниот ветер дополнително ја влошува ситуацијата и претставува реална опасност пожарите да излезат од контрола и да се доближат до првите објекти.
Кој треба да стави ред? Зошто не се преземаат поостри и конкретни мерки? И најважно – зошто се доделуваат субвенции – за да не загрозиваат?
Ова не е само проблем на денот – ова е проблем што бара итна реакција и сериозен пристап, пред последиците да станат уште потешки.

