Министерството за внатрешни работи се огласи со првични информации за случајот во Зрновци, каде денеска е пронајдено безживотно тело.
– Денеска (21.03.2026) во СВР Штип е пријавено дека околу 10:40 часот, во с. Зрновци, на место викано Ѓошевски орев, во близина на Зрновска река, е пронајден човечки леш во фаза на распаѓање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од Основното јавно обвинителство Кочани посочуваат дека на местото на настанот увид врши јавен обвинител.
– До овој момент починатата не е идентификувана. Ќе биде наредена обдукција, а причините за смртта засега не се утврдени – информираат од Обвинителството.
Надлежните институции продолжуваат со истрагата, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

