Граѓанин ни испрати фотографија која јасно ја покажува културата (или некултурата) во нашиот град. Расфрлан отпад насекаде – клупи, тротоари и јавен простор претворени во депонија.
Додека не научиме дека јавниот простор е заеднички и дека треба да го чуваме како свој, ваквите слики ќе бидат секојдневие.
Ова не е проблем на институциите, ова е проблем на домашното воспитување.
Кочани може да биде чист град – но само ако секој од нас почне од себе.

