Угостителите во Кочани започнаа со отстранување на летните тераси, согласно договорот со општината, со рок до 23 март просторот да биде вратен во првобитна состојба и целосно прооден за пешаци.
По отстранувањето, ќе можат да аплицираат за повторно користење на јавна површина, но под нови услови – отворен простор од три страни, без оградување, со подвижни тенди, чадори и жардиниери.
Дел од угостителите велат дека ова ќе влијае врз нивното работење, но сепак ја почитуваат одлуката. Активностите се очекува да завршат до крајот на неделата, по што ќе продолжат со работа.

