Граѓаните реагираат дека во утринските часови, кога децата одат на училиште, а возрасните на работа, улиците се чистат на начин што создава облаци прашина наместо вистинско чистење. Наместо подобрување, ваквиот пристап дополнително го загадува воздухот.
Со бензинска дувалка која освен бучава прави и огромна прашина која се крева директно кон пешаците, а често чистачите одат право кон граѓаните, без никаква заштита или координација. Општината веќе е полна со кал од градилиштата и прашина поради недоволно одржување. Со ваков начин на „чистење“, состојбата не се подобрува – туку се влошува.
Потребни се конкретни решенија, современи машини за миење улици, редовно и организирано одржување, чистење со вода, а не само со дување прашина, подобра координација за да не се загрозуваат граѓаните.
Вака не се чисти град. Вака се создава дополнително загадување. Граѓаните заслужуваат чиста и здрава средина, а не импровизации што одат на нивна штета.

