Министерството за внатрешни работи информира дека утринава во 02:35 часот во Полициската станица Кочани е лишен од слобода 15-годишен малолетник, по претходна пријава дека извршил полово дејствие врз друг малолетник.
Со малолетникот е извршен службен разговор во присуство на родител, адвокат и претставник од Центарот за социјална работа.
Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

