По многубројните реакции, надлежните конечно признаа грешка во проектирањето на улиците и кружните текови. Од денес започна промена на сообраќајниот режим, што се очекува позитивно да придонесе за намалување на гужвите во градот.
Ова е чекор во вистинска насока и пример дека со притисок од јавноста може да се коригираат и грешките направени од нестручност.
Останува да се реализира и целосно ослободување на булеварот Тодосија Паунов од паркирани возила, со цел непречено движење по сите четири ленти.
Граѓаните очекуваат ова да биде почеток на вистинско средување на сообраќајниот хаос во градот.

