Оваа година, за велигденските празници, Општина Кочани не организираше речиси никаква програма. Го немаше ни традиционалното големо велигденско јајце во градскиот парк, кое со години беше симбол на празникот. Изостанаа и музичките бендови што ја разубавуваа атмосферата и ги собираа граѓаните на едно место.
И она малку што се организираше – беше недоволно и без вистинска празнична енергија. Граѓаните со право прашуваат зошто од година во година се намалува содржината, наместо да се развива?
Празниците се момент кога градот треба да живее, да обединува и да создава убави спомени.
Очигледно е дека недостасува желба и визија Кочани да биде пријатно место за сите граѓани.


