Граѓанин поднесе пријава до инспекциските служби во Општина Кочани за нелегални такси превозници на релација Скопје – Кочани, кои секојдневно вршат превоз без лиценца и надвор од законските рамки.
Станува збор за појава што со години е присутна, а најиронично е што дел од овие „диви таксисти“ функционираат јавно – буквално пред институциите.
Граѓаните што користеле ваков превоз се жалат дека цените се повисоки дури и од регистрираните такси компании, без никаква гаранција за безбедност, без фискални сметки и без плаќање придонеси. Дополнително, сериозно се доведува во прашање техничката исправност на возилата.
Апел до сите граѓани да пријавуваат вакви случаи, затоа што ова не е само нелојална конкуренција – туку и кривично дело, без пријава – општината не реагира.
Промени мора да има. Контроли мора да има. Нерегуларностите не смеат повеќе да се игнорираат.

