По поразот на женската фудбалска репрезентација, јавноста сѐ погласно реагира за бројните функции што ги извршува Андов.
Селектор, претседател на Совет, директор на училиште, претседател на ОФС Кочани и уште неколку функции – прашањето е едноставно: дали е можно еден човек професионално да се посвети на сето ова?
Очигледно е дека не е.
Ваквиот пристап остава последици на сите полиња, а најмногу страда спортот, особено кога станува збор за национален тим кој бара максимална посветеност, анализа и работа.
Јавноста смета дека ваквото акумулирање функции не е знак на способност, туку на неодговорност. Ниту една позиција не може да се води квалитетно ако вниманието е поделено на повеќе страни. На крајот, цената ја плаќаат резултатите, спортистите и граѓаните.
Потребни се професионалност, фокус и одговорност – затоа што спортот, а особено националниот тим, не смее да биде оставен на импровизација.

