По нашите реакции, конечно се гледаат позитивни поместувања во Центар за култура „Бели мугри“. Со документарецот „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска, официјално започна новата сезона на филмски проекции во Кочани. Салата беше преполна, се бараше билет повеќе – доказ дека граѓаните имаат интерес за културни настани кога тие се квалитетно организирани.
Новото платно, дигиталната опрема и ласерскиот проектор се чекор напред кон модернизација на киното. Од установата најавуваат дека ова е само почеток и дека наскоро ќе следи целосна програма со нови филмски проекции и настани, со што конечно ќе се раздвижи културниот живот во градот.
Ова е пример дека со реакција и притисок од јавноста може да има позитивни резултати. Продолжуваме да следиме – и да поддржуваме вакви позитивни промени.

