Ќе се изолираат над 3.000 електрични столбови за да се спасат царскиот орел и египетскиот мршојадец од струјни удари
ЕВН Македонија и Македонско еколошко друштво ќе изолираат над 3.000 електрични столбови за заштита на царски орел и египетски мршојадец од струјни удари.
Проектот „Безбедни жици за загрозени птици“, дел од ЕУ програмата LIFE, ќе се реализира до 2030 година во Македонија, Бугарија и Турција, на клучни миграциски коридори. Во земјава ќе опфати четири региони, меѓу кои Овче Поле и Тиквеш.
Покрај изолацијата, ќе се поставуваат и визуелни уреди за да се намалат судирите со мрежата. Струјните удари се водечка причина за смртност кај овие загрозени видови.

