Граѓаните повторно реагираат за недомаќинско работење – овој пат поради моторна дувачка што се користи рано наутро, околу 06:00 часот, и создава силна бучава која ги вознемирува жителите.
Станува збор за период кога граѓаните треба да имаат мир – деца, постари лица и луѓе што се подготвуваат за работа. Наместо ред и организација, се создава дополнителен хаос. Дополнително, веќе имаше претходни реакции дека истата опрема крева прашина директно кон минувачите, без никакво внимание дали некој се движи по тротоарот.
Ваквиот пристап покажува недостаток на организација, контрола и почит кон граѓаните. Наместо подобрување на состојбата, се создаваат нови проблеми.
Потребно е итно да се прилагоди времето на извршување на вакви активности,да се користи соодветна опрема, да се воведе контрола и ред во работењето.
Градот заслужува функционални служби што работат во интерес на граѓаните, а не на нивна штета.
