Сè погласни се реакциите на граѓаните во Кочани за узурпацијата на јавниот простор од страна на кафулињата. Додека пицериите се ограничени да ги користат само летните тераси, дел од кафулињата заземаат огромни површини – тротоари, просторот околу фонтаната, па дури и делови од градскиот парк.
Особено загрижува состојбата кај детското игралиште во градскиот парк, каде родителите реагираат дека се принудени да седат во кафуле бидејќи клупите покрај реката се зафатени со маси и столици.
Граѓаните бараат јасни правила: користење само на просторот предвиден за летна тераса, без дополнително ширење и узурпација. Јавниот простор мора да остане достапен за сите – не само за комерцијални цели.
Општината треба да постави јасни лимити и да обезбеди контрола. Не може секоја педа јавен простор да се претвори во приватна зона. Редот мора да важи за сите подеднакво.

