Вчера, под ѕвезденото небо од светлата на телефоните, се собраа луѓе со болка во срцето. Се пуштија 62 балони во воздух – по еден за секој згаснат млад живот. 62 ангели, 62 рани што никогаш нема да зараснат.
Политичари, градоначалници, советници, инспектори, институции – дали ги гледате овие луѓе?
Дали го слушате нивниот лелек и плач?
Дали ви е сèедно додека удобно седите во вашите фотелји?
Овде има родители без свои ќерки и синови.
Браќа и сестри што останаа без најмилите.
Млади што останаа без своите пријатели, девојки и момчиња.
Секоја солза е прашање без одговор.Секој издишан збор е повик за правда.
Колку уште животи треба да згаснат за конечно да се разбудите?
Ова не е бројка, ова се наши деца, наши ангели. Не сакаме да се повтори. И нема да молчиме.
