Црвен крст – Општинска организација Кочани на м.в Бавчалук во Кочани учествуваше на симулациска противпожарна вежба во организација на Доброволното противпожарно друштво Кочани.
На замислено сценарио, пожарникарите од ДПД и ТППЕ Кочани спасуваа повредени и гаснеа пожар на запалено возило, додека обучени волонтери по прва помош од Црвен крст Кочани укажуваа прва помош на симулирани случаи на повреди.
Лицата по укажаната помош беа предадени на екипа на Итната медицинска помош од ЈЗУ Општа болница Кочани.
Тактичко-показната вежба беше оценета како успешна.



