Иако новата детска градинка во Кочани беше свечено пуштена во употреба уште пред осум месеци од премиерот Христијан Мицкоски и тогашниот градоначалник Љупчо Папазов, реалноста е сосема поинаква – објектот сè уште не е во функција.
– Денес, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, ја пуштивме во употреба новата градинка „Детелинки“ во Кочани – уште еден конкретен чекор во нашата заложба за подобрување на условите во предучилишното образование и унапредување на животниот стандард на граѓаните, соопшти заменик министерот за труд и социјана политиа, демографија и млади, Ѓоко Велковски.
Дали се чекаат локалните избори за повторна лента и ново медиумско шоу?
Дали се чекаат нови партиски вработувања за да се полнат фотелјите?
Или ова ќе биде уште еден „готов“ проект што ќе остане затворен со години, заробен во политички калкулации?
Додека политичарите си играат со датумите и функциите, децата и родителите во Кочани трпат – без место во модерни услови и без подобар квалитет на згрижување.
Времето ќе покаже дали ова донација е за граѓаните или уште една партиска реклама.


