За време на „Марш на ангелите“, кој беше организиран во спомен на настраданите млади животи од трагедијата во дискотеката ,,Пулс”, во локалната пицерија „Аквариум“ се случи инцидент кој предизвика бурни реакции кај присутните граѓани и родители, само еден ден пред локалните избори.
Според сведоци, во локалот биле поранешниот градоначалник Ратко Димитровски – еден од осомничените за пожарот во „Пулс“ – и сегашниот кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ – Влатко Грозданов, заедно со неколку други лица. Нивното присуство во време на маршот, еден ден пред изборите, било протолкувано како тешка провокација и злоупотреба на моментот на тагување.
Разгневени родители влегле во локалот и ги исфиркаа присутните, по што тие веднаш го напуштиле местото.
Настанот повторно ја отвори темата за моралната одговорност и чувствителноста на политичарите, особено кога станува збор за трагедии што оставија длабоки лузни во Кочани.
Целото видео е превземано од порталот Инфомакс.
