На 25-ти и 26-ти Октомври во Паркот на револуцијата во Кочани ќе се одржат “Денови на медот” со почеток од 11:00 часот.
Организатор е Пчеларското здружение “Матица” од Кочани.
Претседателот на здружението Борчо Атанасов истакна дека на манифестацијата ќе присуствуваат пчелари од повеќе градови од државата и на своите штандови ќе изложат мед и пчелни производи.
“Деновите на мед” во Кочани и годинава се поддржани од Локалната самоуправа на Општина Кочани и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

