На избирачкото место 837 во Кочани било пријавено дека при гласање се читале на глас име и презиме, матичен број и адреса на живеење на гласачите – што претставува сериозно кршење на тајноста на гласањето и личните податоци!
Настанот е веднаш пријавен во МВР, а се очекува надлежните институции да постапат согласно закон.
Секој обид за заплашување или откривање на идентитетот на гласачите е директен напад врз демократијата и слободната изборна волја.
Граѓаните имаат право да гласаат слободно, тајно и без притисоци, секој случај треба да биде пријавен!
Ги повикуваме ДИК и ОБСЕ/ОДИХР да се вклучат во надзорот и соодветно да реагират.

