Граѓаните реагират – пристапните рампи за лица со инвалидитет постојано се блокираат, а тоа не е единствениот проблем. На голем број улици во Кочани воопшто нема слеани рабници, што претставува сериозен недостаток во 2025 година, особено кај пешачките премини каде што безбедноста треба да биде на највисоко ниво.
Лицата со инвалидитет секојдневно се приморани да се движат по улица, меѓу автомобили, наместо по тротоарите каде што често има паркирани возила, а треба да им бидат безбедни и достапни на сите.
Бараме итни мерки од Општината и надлежните служби ослободување и јасно означување на пристапните рампи, изработка на слеани рабници каде што недостасуваат, надзор и казни за непрописно паркирање на критични точки.
Ова не е привилегија — ова е основно право на нашите сограѓани. Време е да обезбедиме нормално, достоинствено и безбедно движење за сите.

