Во судницата во Идризово заврши изјаснувањето на обвинетите по однос на вината. Адвокатката на Дејан Јовановски-Деко, газда на „Пулс“ кажа дека тој не е монструм, ниту виновен за трагедијата во која загинаа 63 лица.
Ниту еден од обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, не се чувствува виновен за делата кои им се ставаат на товар.
Првообвинетиот Дејан Јованов, на прашањето на судот дали го разбира обвинението, изјави дека му е јасно за што се товари, а на дополнителното прашање дали се чувствува виновен за делата што му се ставаат на товар, тој одговори дека не се чувствува виновен. Михаил Јованов, неговиот син исто така изјави дека не се чувствува виновен за обвиненијата што му се ставаат на товар.

