Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов присуствуваше на денешната Национална конференција ,,Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“, организирана од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
На конференцијата се дискутираше за унапредување на меѓуинституционалната соработка како и за размена на добри практики и искуства, со цел да се подобри безбедноста во урбаните и руралните средини.

