Сообраќајна несреќа се случи на влезот во Кочани, на потегот познат како поранешната „Подлошка“ раскрсница. Патот моментално е делумно затворен, а причинета е материјална штета, засега не е позната состојбата на лицата.
Во текот на денот ќе има повеќе информации од надлежните служби.
Апелираме до сите возачи да бидат внимателни и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, особено на овој фреквентен дел од патот. Бидете претпазливи и возете одговорно.

