Кочани и оваа година ќе биде украсен на ист начин како и изминатите три години – со депресивната атмосфера во Градскиот парк и неколку монотони украси поставени на уличното осветлување, најчесто со истите сини светилки кои одамна не будат празнично чувство.
Креативноста и желбата за вистинска празнична промена повторно недостасуваат. Очигледно, проблемот лежи во општинската структура, која со години работи со истиот пристап и „доживотни“ решенија за работа, без освежување, без идеи и без волја за подобро уредување на градот – и покрај тоа што се сменија многу локални власти составот останува ист.
Граѓаните очекуваат барем за празниците Кочани да добие нов, топол и привлечен изглед, а не уште една монотона и бледа празнична сезона.

